Екипата на Детроит пистонс ноќеска загуби од Бруклин нетс со резултат 112:118 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата.

За Детроит ова е 27-ми пораз во низа по што стана сопственик на негативниот рекорд во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Најефикасен играч на паркетот беше Кејд Канингем со 41 поен, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

По овој меч Детроит е на последното место во Источната конференција со две победи, а Бруклин е деветти со 15 победи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.