Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс проговори за проблемите на тимот. Лејкерс синоќа загубија од Бостон селтикс во божиќниот натпревар (115:126).

– Во оваа фаза имаме проблеми со тимот, има и повреди. Сè уште не сме во состојба во која би сакале да се натпреваруваме со врвните тимови. За да го направите ова, треба да стануваме се подобри и подобри, да работиме на различни работи, да играме заедно. Се обидуваме да откриеме како сакаме да нападнеме. Но, ќе се подобриме, вели Џејмс.

Леброн постигна 16 поени, девет скока и осум асистенции.

Лејкерси имаат шест порази во осум меча по освојување на трофејот во НБА Купот пред 15 дена



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.