Kошаркарската репрезентација на Македонија е поразена и во третиот натпревар на претквалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ 2024 во Париз, кој се игра во Талин, Естонија.

Кошаркарите денеска се поразени од Чешка со 94:82 и го освоија последното, четврто место во групата А, со што заврши олимпискиот сон за кошаркарите. Исто така натпреварите во Талин покажаа дека Македонија е веќе далеку од европската елита.  Во првиот натпревар Македонија загуби од Израел со 86:65, а во вториот Естонија славеше со 83:59.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.