Навивачите од Србија направија невидено шоу пред „Касеја центар“ во Мајами.Никола Јокиќ со својата чудесна игра го одбележа третиот натпревар од финалната серија на НБА лигата.

На крилата на Србите, Денвер го совлада Мајами на гостински терен со 109:94 и со тоа поведе со 2:1 во финалната серија.

Апсолутен херој на мечот беше српскиот центар, кој забележа 32 поени, 21 скок и 10 асистенции.

Натпреварот беше проследен со прослава на симпатизерите на Денвер, меѓу кои имаше и голем број навивачи од Србија кои дојдоа во популарната „Касеја арена“ да му дадат поддршка на својот сонародник.

По натпреварот српските навивачи се собраа пред салата и чекаа да излезат играчите на Денвер.

Во еден момент се слушна громогласно скандирање на Никола Јокиќ.

„Чии коњи јаваш, Никола“, одекнуваше низ Мајами.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.