Кошаркарите на Бостон Селтикс триумфираа со 107:89 против Далас Маверикс во првиот натпревар од финалето во НБА лигата.
Џејлен Браун го предводеше домашниот тим со 22 поени, а закрепнатиот Кристапс Порзингис додаде 20 кошеви.
Забележителен настап имаше и Дерик Вајт, кој натпреварот го заврши со 15 поени.
Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 30 поени, а Пи Џеј Вашингтон го заврши натпреварот со 14 поени.
Бостон фуриозно го почна натпреварот и веќе во првото полувреме имаа недостижна предност од 29 поени, реализирајќи дури 16 тројки во првите две четвртини.
Следниот натпревар оф финалната серија до четири победи е закажа за в недела вечер, исто така, во Бостон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.