Германскиот фудбалски стручњак Томас Тухел може да ја предводи Рома доколку Жозе Мурињо си замине од местото тренер на тимот, пишува „The Sun“.

 

Според британскиот весник, раководството на Римјаните го смета Тухел за идеална опција да го замени португалскиот стручњак.

 

Последен ангажман на германскиот тренер беше Челзи, со кој ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2020/21, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

 

Претходно беше објавено дека Мурињо би можел да го напушти италијанскиот клуб доколку тимот не се пласира во Лигата на шампионите.

 

Рома е 4-та во Серија А со 47 бодови од 25 натпревари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.