Фудбалерите на Чукарички ја совладаа Црвена звезда со резултат 2:1 во дерби натпреварот од 7. коло на српската Суперлига.

Чукарички поведе со голот на Марко Доциќ во 24. минута од пенал, а Звезда израмни во 48. минута кога Жан-Филип Красо го искористи пеналот. Победа за Чукарички донесе Сандеј Адетуњи во 75. минута.

Покрај головите, мечот на Баново брдо го одбележаа и два пенали и црвен картон за тренерот на Чукарички, Игор Матиќ, кој беше исклучен откако протестираше на почетокот на вториот дел кога беше досуден пенал за Звезда.

Првата половина од дербито на седмото коло во Суперлигата не беше со многу настани, но еден гол беше виден по грешката на Кингсли Кангва во 23. минута.

Црвено-белиот играч за врска испрати повратно додавање до Урош Спајиќ на празен простор, но напаѓачот на Чукарички ;Адетунџи беше побрз, го прекина додавањето, натрча во шеснаесетникот каде беше соборен од Спајиќ, а судијата Милош Миловановиќ досуди казна. Доциќ беше сигурен изведувач на пеналот во 24. минута



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.