Реал Мадрид ја разгледува опцијата да го врати Зинедин Зидан за тренер.

Новинарот Хозе Алварез на „El Chiringuito“ изјави дека меѓу кандидатите кои Реал Мадрид ги смета за замена на Карло Анчелоти, најсериозен е Зидан, кој е без клуб по заминувањето од Мадрид во мај 2021 година.

Според Алварез, клубот е во контакт со тренерот. Реал гледа и споредна придобивка во евентуалното назначување на Зидан – неговото доаѓање ќе помогне да се организира трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој има посебен однос со Зинедин.

– Реал Мадрид има многу сериозна опција доколку Анчелоти замине. Оваа опција ќе му ја отвори вратата на Мбапе за преселба во Реал Мадрид. Тренерот со кој Реал Мадрид е во контакт. Зинедин Зидан е најсериозната опција во случај на заминување на Анчелоти, тој ќе го доближи Мбапе до Мадрид. Зидан би сакал да се врати. Сите знаат за неговиот однос со Мбапе и тоа го доближува до Мадрид, изјави Алварез.

За време на својата тренерска кариера, Зидан работеше само во Реал Мадрид – од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Како тренер на Мадрид, три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а по два пати ја освои Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.