Репрезентацијата на Хрватска е на добар пат на Светското првенство во Катар да го повтори успехот од минатиот Мундијал, кога играше во финалето. Откако ја совладаа Јапонија на пенали, Хрватите во четврт-финалето го очекуваат Бразил, но освен случувањата на теренот, мечевите на Хрватска предизвикуваат голем интерес и со случувањата на трибините.

Причина за такво нешто е хрватската манекенка Ивана Кнол, која од трибините се појавува во многу провокативна облека, во препознатливиот „коцкест“ дезен.

Со таквата облека, Ивана го предизвикува вниманието на сите присутни на стадионите, кои постојано ја и се фотографираат со неа, но истовремено ги предизвикува и им пркоси на строгите правила за облекување што се на сила во Катар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.