Српскиот интернационалец Драги Гудељ колабираше на сред терен и итно беше пренесен во болница. Неговиот брат, попознатиот српски репрезентативец Немања Гудељ преку социјалните мрежи сподели информација дека Драги се чувствува добро.
Немања им се заблагодари на симпатизерите за огромниот број пораки и повици за поддршка, како и на лекарскиот тим на тимот на Кордоба, кој буквално му го спасил животот на младиот фудбалер.
Неговото срце во еден момент престанало да работи и лекарскиот тим морал итно да интервенира. За среќа се што сториле во првиот момент имало сериозен ефект и Гудељ нема да има трајни последици.
— Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj) March 26, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.