Македонскиот фудбалски клуб Шкендија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува ерменскиот тим Арарат во првиот меч од воведното коло во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Нашиот претставник важи за умерен фаворит, а тренерот Артим Шаќири вели дека првиот меч е многу важен за крајниот исход.
„Подготвени сме за предизвикот. Го анализиравме Арарат до детали и нема да го потцениме. Сепак, исто така и не треба да го прецениме ривалот. Веруваме во нашите квалитети и треба да докажеме дека сме подобар тим“, истакна Артим Шаќири.
Капитенот Егзон Бејтулаи се надева дека Шкендија ќе има солидна европска одисеја оваа година.
„Имавме две неуспешни години во Европа и се надевам дека сега ќе бидеме многу подобри. Посакувам повторно да дојде некој голем европски тим во Македонија, а за тоа ќе треба да оствариме неколку победи“, изјави Бејтулаи.
Натпреварот меѓу Шкендија и Арарат започнува од 20 часот на Националната арена во Скопје, а на теренот ќе истрчаат единаесеттемина:
Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Незири, Ф. Рамадани, Дита, Шаља, Нафиу, Гури, Дориев. На клупата се Хасани, Стојановски, Вагнер, Елези, Маневски…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.