Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен ги коментираше немирите за време на финалето од фудбалската Лига на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0). Средбата требаше да започне во 21 часот, но, поради судири со навивачите, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути.
– Овие проблеми во фудбалот постојат само со учество на некои англиски клубови. Присуство на толку голем број англиски навивачи без билети не е прв пат. Така беше во 2019 година во Мадрид. И ова создаде такви тешкотии. Истите проблеми беа на стадионот Вембли во 2021 година. Однесување, неорганизираност и огромен пазар за фалсификувани билети. Да потсетам дека Клоп беше тој што пред неколку дена ги повика навивачите на Ливерпул да дојдат во Франција дури и без билети. Се соочивме со десетици и илјадници англиски навивачи, од кои некои целосно ги почитуваа правилата и купија билети или отидоа во специјална фан зона. Да потсетам дека десетици илјади навивачи во фан зоната беа без проблеми, ги почитуваа правилата, но имаше помал, но активен дел кој се судри со нашите безбедносни сили, изјави Дарманен за „Мирор“.
Натпреварот се одигра на „Стад де Франс“ во Сен Дени (Франција). Победи Реал Мадрид со 1:0 и по 14. пат стана европски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.