Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева дека нашиот северен сосед ќе стигне до четврт-финалето на СП во Катар и посакува таму да се сретне против Хрватска.

„Не знам дали ќе успееме или не, но ќе одиме на победа. И во таа спортска смисла, фудбалски, гордоста се врати на нацијата. Би сакал во четврт-финалето да се сретнеме со Хрватска која е одлична репрезентација. Бидејќи во осминафиналето ќе одиме на Уругвај или Португалија ако ја поминеме групата со Швајцарија, Бразил и со Камерун, можеме да одиме на Хрватска во четврт-финалето и тоа би било големо дерби. Имаат фантастична репрезентација, стари, искусни, сите мајстор до мајстор. Но, мислам дека во овој момент сме за нијанса посилни. Би сакал да го видам, тоа би бил одличен натпревар“ изјави денеска Вучиќ во телевизиско гостување.

Ако Хрватска и Србија ги минат групите од различни позиции, можат да се сретнат во четврт-финалето, но ако групите ги поминат од исти позиции, средбата е можна само во финалето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.