Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ се осврна на кореографијата на Делиите на дербито со Партизан која предизвика грст лажни вести и срамни обвинувања дека на него се прикажани украински гробишта.

Вучиќ истакнува дека тоа е резултат на хистеријата против Србија, која се води на социјалните мрежи во регионот, но и во некои домашни медиуми, а шокиран е што приказната за Пантелија и филмот „Маратонците го трчаат почесниот клуб“ се поврзува со Украина.

-Таа хистерија против нашата земја ја гледате од вчерашната утакмица од Маракана и со лажни вести каде некој ви ги покажува Пантелија и „Матаронците“, а тие ви кажуваат за Украина и не знам што…
Ним навистина им е гајле што Србија ќе настрада поради нивните лаги. А ситуацијата е страшно тешка, не се сеќавам ваков период, мислам дека Лаушевиќ тоа го кажа, „година поминува, а ден никогаш“, мојот ден е долг колку една година. Во претходните три дена остарев како и претходните 10 години – изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.