Поранешниот играч на Црвена звезда и Стеауа, Миодраг Белодедиќ неодамна беше приведен во Букурешт. Полицијата го фати зад воланот во алкохолизирана состојба.

Романските медиуми објавија дека Белодедиќ бил фатен под дејство на алкохол од органите на прогонот. Белодедиќ наводно го предизвикал инцидентот кога влегол во автомобилот по прославата на роденденот, по што полицијата го запрела и му проверила алкохол во крвта.

 

– Ме запреа кога излегов од ресторанот, од забавата. Заминав околу три-нешто. Тие дојдоа по мене и ме запреа. Тие стоеја и чекаа. Ме бркаа со полициска кола, со ротација, околу 100 метри – изјави Белодедиќ.

Поранешниот ас на Звезда признава дека направил прекршок.

– Испив две пијачки со моите пријатели. Откако полицијата ме повлече, ми даде алкотест и излегов со алкохол во крвта од 0,08. Дали сфаќаш колку бев пијан? Секако, тоа е фаул. Ме одведоа во полиција, ме држеа два часа, ми земаа крв… Им кажав дека не сум пијан, дека можам да стојам на едната нога. И 90 дена ми ја земаа возачката дозвола .

Миодраг Белодедиќ со Стеауа и Црвена Звезда го освои Купот на европските шампиони, денес Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.