Пеп Гвардиола не планира да остане во Манчестер сити за сезоната 2025/26.

Според „Дејли мејл“ следната година ќе биде последна за главниот тренер во тимот, иако раководството би сакало да го задржи Шпанецот и е подготвено да склучи долгорочен договор со него.

Забележано е дека „Граѓаните“ ќе бараат наследник на Гвардиола. Меѓу опциите е и Мичел Санчез од Жирона, тим исто така во сопственост на „Сити Фудбал Груп“.

Гвардиола е на чело на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство се освоени шест титули шампион на Англија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.