Шпанскиот фудбалски великан Барселона денес го ратификуваше договорот со сервисот стриминг „Спотифај“.
На вонредното собрание на делегати договорот го одобрија 89 отсто од гласачите.
Логото на „Спотифај“, новиот главен спонзор на клубот, ќе се појави на предниот дел на дресовите на машкиот и женскиот тим на Барселона од сезоната 2022/23 и таму ќе остане четири години. Сличен договор за три сезони ќе важи и за тренинзите.
Долгорочниот договор за името на стадионот „Камп Ноу“ ќе стапи на сила од јули 2022 година и ќе трае 12 сезони.
„Поради клаузулата за доверливост на документите, која се применува во сите глобални договори на Спотифај, не можеме да ги објавиме точните бројки, но можеме да потврдиме дека тоа е најдобриот договор во финансиска смисла кој Барселона некогаш го добила“, изјави претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
Шпанските медиуми наведуваат дека договорот е тежок 400 милиони евра, а стадионот на каталонскиот клуб ќе биде преименуван во „Спотифај Камп Ноу“. Од следната сезона наместо сега веќе поранешниот спонзор „Ракутен“, предната страна на дресовите на Барса ќе ги краси логото на „Спотифај“.
Барселона ќе добие најмалку 435 милиони евра за дванаесет сезони соработка со „Спотифај“, објави „Diario Sport“.
Од клубот порачаа дека ова е „стратешки сојуз меѓу два водечки бренда и лидери во забавата, кои делат иста филозофија и вредности“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.