Неколку часа по прославата на светската титула, улиците на Буенос Аирес се како да паднала атомска бомба во главниот град на Аргентина!

Прославата, проследена со огромна еуфорија на навивачите, се претвори во масовен хаос, по што аргентинските фудбалери мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.

Евакуацијата на фудбалерите значеше и крај на парадата по улиците на главниот град на оваа јужноамериканска земја, но и почеток на конфликт на навивачите со полицијата.

Поради масовноста на луѓе на улиците, припадниците на полицијата мораа да употребат и шок бомби и солзавец за да ја растераат разбеснетата толпа.

По полициката интервенција и немирите, градот остана речиси целосно уништен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.