Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, а сега тренер, Винченцо Монтела, е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Турција.
Според официјалното соопштение, 49-годишниот Монтела потпишал тригодишен договор и доаѓа на местото на германскиот стратег Штефан Кунц.
Турската новинска агенција Демирорерн (ДХА) објави во неделата дека Фудбалската федерација на Турција донела одлука да го отпушти Кунц откако тој ги критикуваше своите играчи по неодамнешниот пораз од Јапонија во пријателски натпревар.
Турската Федерација првично ја демантираше веста, но само неколку денови подоцна уследи официјална потврда дека двете страни ја прекинале соработката, која почна во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.