Легендата на англискиот фудбал Вејн Руни е на чекор да седне на клупата на второлигашот Плимут, јави денеска агенцијата ДПА.

Според истиот извор, 38-годишниот поранешен англиски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со клубот од Чемпионшип. Се очекува Руни да потпише тригодишен договор.

Поранешната легенда на Манчестер Јунајтед е без тренерски ангажман од средината на јануари кога доби отказ на клупата на Бирмингем.
Плимут сезоната ја заврши на 21. во англискиот Чемпионшип и избегна испаѓање во понизок ранг



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.