Баерн Минхен со гол негатива го пречекува Лацио во битката за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот шампион загуби на првата средба во Рим со 0:1 и сега мора да победи. Реваншот на „Алијанц Арена“ е денеска од 21:00 часот.

Тренерот Томас Тухел е уверен во класата на своите играчи, дури и ако во последно време не импресионирале со своите настапи. Додаде дека за него ова не е последен меч на чело на Баварците во Лигата на шампионите.

– Не го гледам овој натпревар како мој последен во Лигата на шампионите. Можам да ве уверам дека нема поамбициозен за победи од мене. Не сакам да губам и затоа овој момент е многу важен за мене лично. Едноставно не можам да се справам со поразот. Секој натпревар е нова лекција и ќе продолжам да се развивам како тренер бидејќи фудбалот е моја голема љубов. До мојот последен ден во Баерн, ќе бидам 100% посветен, изјави Германецот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.