Ѓорче Петров се приклучува кон скопските општини кои ќе му помогнат на фудбалскиот клуб Вардар. Како што објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски,  игралиштето во Волково ќе му биде отстапено на Вардар за да го користат младите категории на „црвено-црните“.

ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот.
Денес на средбата со претставниците од навивачката група „Комити“ кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест, договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.
По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок.
Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор.
Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!, напиша Стојкоски.

Претходно општина Аеродром му отстапи игралиште на Вардар за тренинзи, а општина Кисела Вода му донираше милион денари, а помош испратија и Центар и Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.