Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди, ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Според „Goal Turkiye“, Икарди нема да игра поради повреда добиена на вчерашната средба со Бешикташ во турското првенство.

Аргентинецот има 10 голови и асистенција на девет натпревари оваа сезона во турското првенство.

Натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Баерн ќе се одигра утре, 24 октомври со почеток во 18:45 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.