Управата на Левски ги моли своите навивачи на натпреварот против Шкупи утре да не ги навредуваат гостите поради високите казни од УЕФА. Левски е веќе казнет со 40.000 евра за инцидентите во Скопје.

„Апелираме до навивачите да го поддржат тимот на реваншот против Шкупи во Софија на 3 август без никакви акти на агресија, насилство, расизам, ксенофобија и политички пораки зашто може да добиеме тешки казни од УЕФА“, соопшти Левски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.