Со запалени факели, став мирно и минута молчење, по што следуваа скандирања на неговот име и пеење навивачки песни, навивачката група Комити, од пред влезот на својот дом – Западната трибина на Градскиот стадион во Скопје, му оддаде почит на својот член Дарко Смоковски – Смок.

Патот кон западната трибина е твојот пат кон вечноста!
Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)
Насмевката која ниту смртта не може да ја победи!, истакнуваат од Комити во својот поздрав.

Претходно, од Комити информираа дека Дарко Смоковски го загубил животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.