Тренерот на Челзи, Томас Тухел, по поразот од Реал Мадрид (1:3) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, истакна дека сега е повеќе фокусиран на следниот натпревар од Премиер лигата отколку на реваншот.

– Со ваков натпревар, не можеме да сметаме на ништо. Колку клубови можете да наведете кои ќе можат да победат со три гола разлика во таква ситуација? Мора да бидеме реални и не можеме да негуваме прекумерни надежи. Треба да го вратиме натпреварувачкиот дух и изгубениот квалитет на игра, па дури потоа да разговараме за нешто. Во моментов сите мои мисли не се на реваншот со Реал Мадрид, туку на претстојниот натпревар против Саутемптон. Немаме време да размислуваме за одење на „Бернабеу“ сега. Мора да се фокусираме на натпреварот против Саутемптон и ако одиграме како што игравме денес, нема да имаме многу да очекуваме. Сега треба да се справиме со проблемите како што доаѓаат. Секој мора да го прифати ова. Ако настапиме во Саутемптон на ист начин, тогаш нема да постигнеме ништо, истакна Тухел.

Реваншот ќе се одигра на 12 април, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.