Тренерот на Монако, Ади Хутер, ги искажа впечатоците за натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена звезда (5:1).
Ова се навистина три важни бода за нас. Имаме седум бода од три натпревари, во добра позиција сме, но треба да играме и против некои навистина добри тимови, изјави Хутер на официјалната веб-страница на УЕФА.
Головите за домаќините ги постигнаа Такуми Минамино (два), Бриел Емболо, Вилфрид Синго и Манес Аклиуш. За српскиот тим погоди Шериф Ндиаје (од пенал).
По три натпревари Монако е втор на табелата во ЛШ со седум бода. Во следното коло тимот гостува на Болоња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.