Барак Бахар од следната сезона ќе биде тренер на Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на израелските извори, според кои поранешниот стратег на Макаби од Хаифа ќе пристигне во Белград по завршувањето на актуелниот шампионат.

Она што е интересно е што како и секој Израелец, така и Барак Бахар во странство ќе ја има заштитата на својата земја. Поточно, ќе биде придружуван од еден или двајца агенти на државните органи. Израелската специјална разузнавачка служба Мосад со децении ги штити спортистите од сите возрасти кои заминуваат во странство.

Израелецот ќе биде и најплатениот тренер во историјата на српскиот фудбал со 750.000 евра годишна плата, плус 250.000 евра за неговите помошници, а тука не се сметаат бонусите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.