Тренерот на Милан, Стефано Пиоли наскоро би можел да биде разрешен од функцијата.
Според италијанските медиуми, челниците на клубот од Сан Сиро се уште веруваат во тренерот, но би можеле да се предомислат доколку наскоро не се промени ситуацијата во тимот, а со тоа и во поредокот на табелата.
Росонерите се во серија од три порази во првенството, односно на последните пет натпревари освоија само два бода, со што во моментов се на петтото место со 38 бода.
Во случај актуелниот шампион да продолжи со слаби резултати и да се доведе во прашање пласманот во Топ 4, цехот би можел да го плати токму Пиоли, кој на клубот му ја донесе првата титула од 2011 година.
Педесет и седумгодишниот тренер на клупата на Милан е од октомври 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.