Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ги казни своите фудбалери со вонреден тренинг по поразот од Брентфорд (1-4) во рамки на второто коло од новата сезона во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед ја отвори премиерлигашката сезона со два порази од Брајтон и Брентфорд, а холандскиот стратег за неуспешниот старт ги обвини фудбалерите на клубот од „Олд Трафорд“ и ги повика да преземат одговорност.

Британските медиуми тврдат дека Тен Хаг им го укинал на фудбалерите слободниот ден во неделата и место тоа им наредил на играчите да истрчаат 13.8 километри, идентично колку што фудбалерите на Брентфорд колективно истрчаа повеќе на дуелот против „црвените ѓаволи“.

Во третото премиерлигашко коло, Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Ливерпул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.