Познатиот готвач чија ќерка е девојка на фудбалерот на Реал Мадрид, Дејвид Алаба и поранешен полицаец, кој некогаш имал задача да ги штити еврејските заедници од терористички напади се поврзуваат со обидот за државен удар во Германија.
Френк Хепнер, готвач од Минхен, кој беше уапсен во австрискиот скијачки центар Кицбил каде што работел, наводно бил член на командниот штаб на воениот огранок на терористичката група, одговорен за регрутирање на нови членови.
Тој исто така имал задача да управува со мензата каде што ќе се хранат припадниците на таканаречената „нова германска армија“.
Австрискиот дневен весник Die Presse, повикувајќи се на истражители, вели дека Хепнер (62) исто така требало да биде личен готвач на Хајнрих XIII, принцот од Ројс, откако тој бил поставен за крал.
Се вели дека Хепнер и дал на групата пари, прибор за готвење, камперско комбе и генератор за итни случаи.
28-годишната ќерка на Хепнер, Шалимар е во врска со Давид Алаба, професионален фудбалер кој игра за Реал Мадрид и капитен на австриската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.