Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се надева на поголема и погласна поддршка од трибините во недела, кога македонската фудбалска репрезентација се сретнува со Фарските Острови, последниот меч со кој треба да обезбедат подобар пласман на финалната табела.

Вечерва репрезентацијата на Македонија вторпат во овој циклус од Лигата на нациите ја совлада Летонија, овојпат со 1-0 во Скопје и со тоа си го осигура првото место во групата.

„Ако гледаме, три бода три бода. Задовелен сум за победата, го дадовме максимумот. Знаевме дека ќе биде тешко, се подготвувавме за ваков вид на натпревар. Дали можевме да славиме со поголема разлика, веројатно – да, бидејќи имавме многу шанси. Се надевам дека в недела ќе бидеме попрецизни и ќе оствариме подобар резултат. Задоволен сум од прикажаното и секоја чест на гостите.

Се надевам дека ќе имаме поголема поддршка в недела од трибините. Мислам дека со резултатите го заслуживме тоа“, изјави Трајковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.