Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија, в сабота во Скопје, како и три денови подоцна во Малта.
Александар Трајковски, напаѓачот кој беше човек на одлука на последниот дуел против „аѕурите“ во Палермо, ги сподели своите очекувања од натпреварот со актуелниот европски првак.
За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен.
Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“, изјави искусниот македонски репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.