Аргентинските фудбалери допатуваа во Буенос Аирес од Катар, по што во отворен автобус продефилираа низ улиците на градот. Еуфоријата и радоста на сите присутни беше на највисоко ниво, но, за малку, големата фешта можеше да се претвори во трагедија.

Лионел Меси и уште четворица фудбалери можеа да настрадаат од кабли надвиснати над улицата, откако седеа на највисокиот дел од платформата на автобусот.

За среќа, во последен момент ги забележаа каблите и ги наведнаа главите со што избегнаа евентуална непријатна ситуација и можни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.