Претставници на премиерлигашот Тотенхем се во преговори со голманот Уго Лорис за продолжување на договорот. Според новинарот Фабрицио Романо, лондонскиот клуб сака да го продолжи договорот со 35-годишниот фудбалер до 2023 година.

Актуелниот договор на Лорис со Тотенхем е до јуни 2022 година. Фудбалерот игра во Англија од 2021 година.

Лорис оваа сезона одигра 20 натпревари во сите натпреварувања и прими 23 гола, додека на осум натпревари не беше совладан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.