Германскиот фудбалер, Томас Милер, го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2024 година, соопштија од бундеслигашот.

Милер целата своја кариера го носи дресот на Баерн со кој првиот професионален договор го потпиша во 2008 година.

Баерн годинава ја освои десеттата последователна шампионска титула во Германија, што за 32-годишниот Милер е 11. шампионски трофеј. Со тоа, Милер стана првиот играч во историјата на германскиот фудбал кому му успеало такво нешто.

Милер за Баерн има одиграно 624 натпревари, а за германската репрезентација настапи на 112 натпревари и ја освои титулата светски првак 2014 година во Бразил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.