Со третиот пораз на четвртиот меч, Вардар е на делба на последното место со Брера Струмица, а од денеска самостоен лидер е Шкендија, која пак со 2:0 го победи Пелистер.

Убедливиот пораз на Вардар предизвика силен револт кај „Комитите“, , кои отворено го искажаа својот револт кон новото раководство на клубот кое пред два месеци ги презеде црвено-црните.

„Управа оди си… Наш е Вардар и наш ќе остане… Оди си Миленко…“ – беа дел од скандирањата на „Комитите“, јасно алудирајќи на неофицијалниот извршен директор на клубот Миленко Неделковски, кој го презеде раководењето со клубот, иако никогаш не беше официјално претставен.

Неделковски можеше да го слушне ставот на дванаесеттиот играч од клупите на арената „Филип Втори“, чуван од кордон полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.