Поранешниот голман на израелската фудбалска репрезентација, Дуду Ауате (45), изнесе навреди преку социјалните мрежи на адреса на францускиот напаѓач Карим Бензема, кој изрази став дека Израел неоправдано бомбардира жени и деца во Појасот Газа.

Ауате, кој во кариерата настапуваше за Депортиво Ла Коруња и Мајорка, на платформата Х на пет јазици напиша „Ти си курвин син“, илустрирајќи ја пораката со знамињата на Израел и САД.

Бензема, кој ова лето го напушти Реал Мадрид и кариерата ја продолжи во саудиски Ал Итихад, претходно на истата социјална мрежа напиша дека се моли за жителите на Газа, која израелските сили жестоко ја бомбардираат и врз која израелската војска подготвува целосна офанзива од копно, море и воздух.

Сите наши молитви се за жителите на Газа кои повторно се жртви на неправедно бомбардирање“, напиша 35-годишниот Бензема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.