Сопственикот на Јунајтед Груп Драган Шолак кој го купи Премиер лигашот Саутемптон  е пресметан и ненаситен тајкун со имот кој надминува 1,22 милијарди евра!

И работа и уживање

Империјата на Шолак е изградена на бројни шпекулативни, каубојски, па дури и картелски акции. Чудесната вредност на неговиот имот го става Шолак на местото на првиот српски европски милијардер. Шолак поседува одреден удел во повеќе од сто компании.

Шолак е сопственик и на голем движен и недвижен имот,  луксузна куќа на Женевското езеро, вредна неколку десетици милиони евра, луксузни патнички авиони и терени за голф ширум светот.

Криењето на недвижен имот и избегнувањето плаќање данок се очигледно специјалност на овој манипулативен бизнисмен.Тој поседува терени за голф во Словенија каде ужива.

Милиони во воздух

Како вистински богат  кој е опкружен со луксуз, Шолак поседува и неколку авиони. Тој лично поседува два авиони „фалкон“ – „дасу фалкон-2000ЛХ“ чија вредност е 35 милиони евра и „дасу фалкон Ф-900ХЛ“, чија вредност е 45 милиони евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.