Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Лука Станковски од редовите на скопски Работнички премина во турскиот прволигаш Газиантеп.

Станковски (19), потпиша договор на четири ипол години со можност за продолжување на соработката за уште една година, во присуството на раководство на Газиантеп, предводено од клупскиот претседател Џевдет Акинал.

Имаше неколку понуди за Лука Станковски, но раководството на Газиантеп беше најупорно, понуди одлични услови и за клубот и за самиот фудбалер, а заеднички донесовме одлука дека тоа е вистинскиот клуб за Лука да продолжи да напредува и да се развива. Му посакуваме многу среќа, да се наметне со своите игри во Газиантеп и да го следи примерот на неговите поранешни соиграчи Елиф Елмас и Милан Ристоски, кои сега се стандардни членови на сениорската репрезентација на Македонија – изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Газиантеп е на средина на табелата во турската Суперлига со 28 бодови по одиграни 19 кола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.