Финалисти за признанието најдобар тренер на ФИФА за 2021 година се Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Роберто Манчини (Италија) и Томас Тухел (Челзи).

Манчини го освои Евро 2020 со Италија, Тухел ја освои Лигата на шампионите со Челзи, а Гвардиола ја освои Премиер лигата со Манчестер сити и стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Свечената церемонија на доделувањето на наградите ќе се одржи на 17 јануари во Цирих.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.