Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

– Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар)

 

Пет екипи од германскиот шампионат ќе учествуваат во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2024/25.

Ова стана возможно откако Борусија Дортмунд го победи ПСЖ (1:0) во првиот полуфинален натпревар и и донесе дополнителни бодови на Германија на табелата со коефициенти на УЕФА.

Претходно се дозна дека пет италијански екипи ќе учествуваат во следната сезона од Лигата на шампионите.

Во моментов, првите пет во Бундеслигата се Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.