Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изрази надеж дека португалецот Кристијано Роналдо ќе остане во клубот.

Дали натпреварот против Саутемтон беше последна во дресот на Манчестер Јунајтед за Роналдо? Ние имаме заеднички планови со Кристијано. Сакаме Роналдо да остане во Манчестер јунајтед – изјави Тен Хаг за „Скај спортс“.

На вчерашната средба на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон, 37-годишниот Португалец влезе како замена во 68. минута.

Оваа сезона Роналдо учествуваше на четири натпревари во Премиер лигата, нема постигнато гол или асистенција. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.

По четири кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има шест бодови и се наоѓа на седмото место во поредокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.