Навивачите на Динамо, кои беа уапсени за масовни тепачки во Атина, добија пеколен пречек во затворите низ Грција, каде што беа сместени.

21-годишниот член на Бед Блу Бојс, кој беше уапсен како и другите за убиството на 29-годишниот Михалис Качурис, навивач на АЕК доби смртни закани истиот ден кога пристигна во затвор.

Тој се јавил на својот татко само неколку часа по пристигнувањето во затворот и ги кажал страшните детали. Тој пристигна само со уште еден хрватски државјанин, а во затвор се опкружени со навивачи на АЕК кои веднаш му упатија смртни закани

Тато, жив нема да излезам одовде. Ме ставија во затвор со убијците на АЕК, штом стигнав ме опколија, ми ја покажаа отсечената глава и ми рекоа – нема да го видиш утрото-се пожалил синот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.