Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела прв пат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар.
Најголемото фудбалско македонско дерби ќе се игра под рефлектори со што создадени се услови и за други натпревари во вечерниот термин, вклучувајќи и настапи на македонската фудбалска репрезентација.
Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ ги финализираа активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.