Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендираше денеска теренот на ФК Башкими 1947 поради инцидентот што навивач на кумановскиот второлигаш го предизвика во саботата на натпреварот против Саса.
Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување првенствени и куп натпревари кога како домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово, се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ, соопшти ФФМ.
Одлуката доаѓа откако на саботниот натпревар во рамки на 6. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу ФК Башкими и ФК Каменица Саса, навивач на домашниот тим влезе на теренот и удри еден од гостинските фудбалери.
Натпреварот и покрај инцидентот не беше прекинат и заврши со резултат 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.