Со четири натпревари со почетокот во 16 часот денеска ќе биде комплетирано 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на кое Шкендија вчера во воведниот дуел ја совлада на домашен терен Македонија Ѓорче Петров со 3-1.

Со триумфот Шкендија ѝ се приближи на табелата на водечката Струга на два бода заостанување и ќе чека кикс на лидерот на денешното гостување кај штипска Брегалница.

Актуелниот првак Шкупи му гостува на Силекс во Кратово, додека Тиквеш е домаќин на Работнички, а Победа го пречекува Скопје.

ПМФЛ: 30 коло

Брегалница – Струга

Победа – Скопје

Силекс – Шкупи

Тиквеш – Работнички

Шкендија – Македонија ЃП 3:1 (одиграно в сабота)

Слободна во ова коло е Академија Пандев.

Табела: Струга 56, Шкендија 54, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Тиквеш 31, Работнички 31, Академија Пандев 26, Скопје 19, Победа 13



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.