Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар на неговиот тим Рајо Ваљекано и Реал Мадрид.

Средбата заврши без победник 0:0, а Македонецот со неколку одбрани го спаси својот тим од пораз.

Ова беше шести натпревар во тековната сезона на кој Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“.

По 12 кола во шпанската Ла Лига, Рајо Ваљекано има 18 бода и се наоѓа на 9. место, Реал Мадрид со 29 бода е втор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.