Поранешниот српски фудбалер, Раде Богдановиќ, даде коментар за неупехот на српската репрезентација во Катар.

Според него, Србија има многу талентирана и реално добра генерација, но никој од нив не служел воен рок и тоа им претставувало проблем.

Кога ќе го завршиш воениот рок, знаеш дека може и мора да преживееш без девојка ти, сопругата и родителите најмалку пет, шест месеци, ако си добар војник, тогаш те пуштаат два дена на одмор. Не успеаја, за жал, и затоа се малку разгалени, изјави Богдановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.