Легендарниот фудбалер на Партизан Небојша Вучичевиќ, починал ненадејно на 59-годишна возраст додека играл мал фудбал во Белград, јавуваат српските медиуми. Смртта ја потврдија и од фудбалскиот клуб Партизан.

Вучичевиќ играл пет сезони во Партизан, со кој ја освои титулата во Југославија и еден Куп. Претходно настапувал во ОФК Белград, а потоа играл во Мец, САламанка, па во Даеву од Кореја, Пафос, и две години во Словенија.

Има и тренерска кариера во многу српски клубови меѓу кои Раднички Крагујевац, Хајдук Кула, Обилиќ, Дорчол, Срем, Смедерево, Динамо Врање, Нови Пазар, а беше дел и од Нафта од Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.